Новиот Volkswagen Golf R: 300 коњски сили и погон на сите четири тркала! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Volkswagen Golf R: 300 коњски сили и погон на сите четири тркала!

Volkswagen ги објави првите детали и фотографии за новиот знаменосец на Golf фамилијата кој повторно ќе ја носи ознаката R.

Да започнеме со најважното – под поклопецот се крие 2-литарскиот TFSI мотор кој веќе го познаваме од кај Audi S3. Дволитарскиот турбо-бензинец развива 300 коњски сили и 380 Nm вртежен момент. Силата се пренесува на подлогата преку најновата Haldex спојка од петта генерација, 4Motion систем на сите четири тркала и мануелен или DSG автоматски менувач.

Новиот Golf R ќе има четири електронски заклучувања на диференцијалот (EDS), како и XDS+ електронски диференцијал на предната и задната оска. За жал, информации за перформансите сеуште немаме, но Volkswagen објави дека новиот Golf R ќе троши само 6.9 литри гориво на 100 изминати километри – подобрување од 18% во однос на претходникот.

volkswagen-golf-r-rear

Секако, новиот R се издвојува од обичниот Golf (па и од Golf GTI) преку уникатните предни и задни браници, странични прагови, големите 18 или 19-инчни Cadiz тркала како и заден дифузер со вкупно четири завршетоци на издувниот систем.

Наскоро очекуваме повеќе информации, а Golf R својата официјална премиера ќе ја има во Франкфурт. Цените во Германија ќе започнуваат од 38.325 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.