Cadillac Elmiraj Concept – Потенцијален знаменосец на Американскиот луксуз! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Cadillac Elmiraj Concept – Потенцијален знаменосец на Американскиот луксуз!

Elmiraj е замислен да биде на самиот врв на понудата на Cadillac, а тоа значи дека е врв на американските премиум автомобили!

Дизајнот на Elmiraj е своевидна еволуција на дизајнот кој веќе го познаваме кај Cadillac – остри и чисти линии кои го прават овој концепт-автомобил да изгледа доминантно и застрашувачки, но истовремено пропорциите се совршено погодени. На предната страна доминира големата маска на ладилникот која е прилагодена на концептот. Тука се и вертикалните светлосни групи, а концептот е поставен на огромни 22-инчни тркала. Ентериерот е интересна комбинација од класичен луксуз изразен преку дрвените површини, како и футуристички елементи видливи во инструментите и 10-инчниот дисплеј.

Концептот го придвижува 4.5-литарски V8 кој испорачува околу 500 коњски сили и 680 Nm вртежен момент, но информации за перформансите сеуште нема. Челниците на Cadillac изјавуваат дека Elmiraj е изграден врз основа која веќе е предвидена да се користи кај сериски автомобил, односно Omega платформата на овој производител врз која ќе биде изграден најголемиот седан на Cadillac. Ова сугерира дека можеби ќе видиме (лимитирано) сериско производство на Elmiraj во иднина!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.