Први официјални фотографии од BMW M4 Concept! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први официјални фотографии од BMW M4 Concept!

Кралот е мртов, да живее кралот – М3 Coupe веќе не постои, заменет е со BMW M4, а ова се првите официјални фотографии од новото супер-спортско купе од Баварија!

Знаеме дека V8 моторот е заменет со шест-цилиндерски линиски мотор со два турбо полначи, и знаеме дека погонот е традиционално кон задните тркала – но тука завршуваат официјалните податоци. Се шпекулира дека ќе нуди околу 450 коњски сили и околу 550 Nm вртежен момент, а за перформансите можеме само да шпекулираме.

Сепак, ова е BMW M3, односно M4 (М3 верзијата ќе биде базирана врз седанот со четири врати), а тоа е свето име кога станува збор за вљубениците во автомобилите. Уживајте во официјалните фотографии и наскоро очекувајте уште повеќе информации за следниот супер-спортист на BMW!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.