KIA најавува нов концепт за автомобилскиот саем во Франкфурт! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA најавува нов концепт за автомобилскиот саем во Франкфурт!

Корејскиот производител со сериозни амбиции најавува концепт за автомобилскиот саем во Франкфурт преку кој ќе прикаже можен иден спортски автомобил од Б-сегментот.

Иако фотографиите не покажуваат многу, можеме да забележиме дека се работи за спортски и агресивен автомобил. Интересно изгледаат предните светлосни структури со централно поставените светла и (сега веќе очекуваните) LED ленти. Немаме никакви информации за овој концепт, дури ниту името не е објавено, но KIA најавува дека „сугерира кон можен иден натпреварувач во Б-сегментот.“

002-kia-concept-frankfurt

Од фотографијата која ја покажува внатрешноста можеме да ги забележиме интересните споени предни седишта, спортскиот волан со рамен долен раб, но и фактот дека вратите се отвораат како кај Ford GT. На воланот се поставени и лопатките за менувачот, а прекинувачите сугерираат на можност за вградување на среден диференцијал, односно на тоа дека можеби овој концепт има погон на сите четири тркала.

Наскоро ќе знаеме повеќе!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.