Дами и господа, вака изгледа врвен сериски автомобил од САД. За околу 100,000 долари добивате поголема зафатнина од било кој суперавтомобил, а знаете што велат за замената за зафатнина.
Овој примерок на Viper, прикажан на фотографиите, е опремен со GTS пакетот и е најверојатно еден од многу бараната Launch Edition верзија. Автомобилот изгледа прекрасно, па затоа не му е потребен бодикит, но нов пар фелни се секогаш добредојдени. Токму тоа го помислиле и Whitehead Motorsport, кои го опремиле моделот со конкавни HRE P44SC фелни, кои совршено се согласуваат со линиите на каросеријата.
Сепак, доколку се прашуваме ние, сметаме дека на автомобилот му недостасува само уште преден сплитер од Time Atack верзијата за да изгледа совршено.