Mini официјално го претстави концептот Vision на настанот Design@Home со главниот дизајнер Андерс Варминг.
Концептот Vision има еволутивен дизајн кој ги усогласува класичните стилски елементи со модерни естетски и технички иновации. Неговата хексагонална решетка со вметнат браник и светла потсетува на класичниот Mini, додека кружните LED светла, одвоеноста на телото, стаклото и покривот на автомобилот се стилски елемент карактеристичен за сегашниот модел.
Сепак, додека екстериерот потсетува на моменталниот Mini, ентериерот е целосно редизајниран во футуристички стил. Лебдечката централна конзола, панелите на вратите со ремени во вид на Британското знаме и доминантната сина боја го носат ова Mini во сосема нова димензија.
Навистина е штета што само неколку елементи од кабината на концептот ќе бидат имплементирани во серискиот модел, но мораме да признаеме дека нивната идеја изгледа одлично!