VATH го претвори Mercedes-Benz CLS 63 AMG Shooting Brake во фамилијарна ракета – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

VATH го претвори Mercedes-Benz CLS 63 AMG Shooting Brake во фамилијарна ракета

Тјунерската куќа VATH подготви импресивен пакет за засилување на перформансите на Mercedes-Benz CLS 63 AMG Shooting Brake, кој ја подигнува силата на 846 кс.

Германскиот спортски караван е погонуван од 5.5-литарски V8 твин-турбо агрегат кој во стандардно издание произведува 557 кс и 800 Nm вртежен момент кога е опремен со опционалниот AMG Performance пакет. Овие бројки се навистина повеќе од доволни за нас, но тјунерите од VATH заклучиле дека сеуште има место за подобрување.

Vath-Mercedes-CLS-Shooting-Brake-2[2]

Нивниот пакет, кој чини „само“ 46,172 евра, ја зголемува испораката на сила од агрегатот на 846 кс и импресивен максимален вртежен момент од 1,180 Nm, што е доволно за максимална брзина од 350 км/ч. Овие бројки се добиени благодарение на изменет турбополнач, специјален систем за ладење, репрограмирање на компјутерската единица и нов издувен систем.

За поголема стабилност на патот, VATH нуди пониски пружини, предни дискови во дијаметар од 405mm со шест клипни клешти, 20-инчни алуминиумски фелни обвиени во 265/30 ZR20 профил на пневматици напред и 305/25 ZR20 назад. Тука се и нов преден спојлер, заден дифузер и уште неколку додатоци направени од јаглеродни влакна.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.