Aston Martin ја официјализираше соработката со Mercedes-AMG! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin ја официјализираше соработката со Mercedes-AMG!

Британскиот луксузен бренд официјално најави дека ќе започне соработка со тјунерската дивизија на Mercedes-Benz – моќниот AMG!

Aston Martin официјално најави дека е потпишано „писмо со намери“ за соработка со AMG дивизијата на Mercedes Benz.  Конечните договори ќе бидат потпишани до крајот на годината.

Според плановите, Aston Martin ќе добие пристап до огромните ресурси на Mercedes-AMG GmbH но и до „обичните“ автомобили на Mercedes-Benz. Конкретно, Британците ќе добијат пристап до можност за развивање на уникатни V8 погонски единици, како и до системите за електрика и електроника на Германскиот производител.

За возврат, Mercedes-Benz ќе добие пет проценти од акциите на Aston Martin без можност за гласање. Германците ќе им се придружат на останатите акционери, меѓу кои се наоѓаат Investment DAR и Adeem Investment од Кувајт, како и Investindustrial од Италија.

Соработката ќе му овозможи на Aston Martin да лансира нова генерација на модели која ќе користи врвни технологии и ново-развиени V8 платформи – најважниот дел на соработката помеѓу Aston Martin и AMG е токму испораката на мотори за потребите на Aston Martin. „Соработката со Mercedes-AMG на ова ниво ќе му овозможи на Aston Martin да ја задржи својата независност и да го зачува уникатниот карактер и стил на Aston Martin кои се трајна карактеристика на компанијата низ нејзината стогодишна историја, и истовремено укажува кон светла иднина на една компанија која го започнува вториот век на своето постоење“ – изјави Ian Minards, директорот за развој на продукти на Aston Martin.

Според Ola Källenius, директорот на Mercedes-AMG, соработката со Aston Martin е доказ за технолошката и спортска експертиза на AMG и тие се особено горди на можноста да соработуваат на погонски единици и електрични системи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.