Светскиот шампион во рели и најдобриот возач на денешницата ќе си ја проба среќата во WTCC, а таму ќе вози Citroën C-Elysée WTCC со 380 коњски сили!
Само еден месец откако потврди дека ќе учествува во WTCC, Citroen денес го претстави и возилото со кое ќе се натпреварува. Интересно е да се напомене дека Citroën C-Elysée WTCC е првото возило кое е дизајнирано во согласност со новите правила кои FIA во моментов ги финализира за категоријата од следната година.
Заради глобалниот карактер на WTCC, но и глобалниот карактер на Citroën C-Elysée, Французите го одбраа токму овој модел за да настапнуваат. Според нив, формата на моделот е идеална кога станува збор за аеродинамиката, па затоа Citroën C-Elysée бил вистинскиот зибор.
Закотвен за асфалтот преку 18-инчни тркала, C-Elysee WTCC изгледа застрашувачки. Под поклопецот на моторот се крие 1.6 литарски турбо-бензински мотор со директно вбрзигување кој испорачува 380 коњски сили на 6000 вртежи и 400 Nm на 4500 вртежи. Тоа значи дека Citroën C-Elysée WTCC испорачува неверојатни 237.8 коњски сили на еден литар зафатнина! Силата се пренесува на асфалтот преку предните тркала, а менувачот е шест-степен секвенционален. За кочењето се задолжени 380 милиметарски дискови напред и 300 милиметарски дискови одзади. Тежината, согласно правилата изнесува 1100 килограми со возач во автомобилот.
Автомобилот ќе го има своето деби на Франкфуртскиот саем на автомобили.