Ова е новата Honda Jazz – Хибридната верзија ќе троши само 2.7 литри на 100 км! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова е новата Honda Jazz – Хибридната верзија ќе троши само 2.7 литри на 100 км!

По неколкуте протечени фотографии, конечно ги имаме сите официјални детали за новата Honda Jazz!

Иако на фотографиите моделот го носи името Fit, не дозволувајте тоа да ве збуни. Моделот Jazz на домашниот пазар го носи токму тоа име, па ова што ние го гледаме денес пред нас е моделот кој со многу мали или никакви измени ќе се нуди и на европскиот пазар. Продажбата во Јапонија ќе започне веќе во Септември, а наскоро ќе следи и продажбата на останатите пазари.

Дизајнерски, новиот Jazz го следи тековниот тренд на Honda за комплексни и интересни линии, иако ја задржува генералната форма од минатите две (навистина успешни) генерации. Ентериерот е исто така нов, и може да се примети благо свртување на конзолата кон возачот – детал кој нам особено ни се допаѓа. Особено интересно изгледа големиот мултимедијален уред кој е чувствителен на допир.

Во Јапонија ќе се нудат три мотори – 1.3 литарски бензински мотор со 100 коњски сили, 1.6 литарски бензински мотор со 130 коњски сили, како и хибридна верзија. Во Европа за прв пат ќе се нуди и дизелска варијанта – и најверојатно тоа ќе биде 1.6-литарскиот i-DTEC мотор кој веќе се нуди во Civic. Хибридната верзија која ќе биде во понудата ќе биде прв модел на Honda кој ќе го носи новиот Sport Hybrid Intelligent Dual Clutch Drive (или i-DCD, за пократко). Благодарение на класичниот мотор со внатрешно согорување и електромоторот кој користи литиум-јонска батерија економичноста ќе биде подобрена за 35%. Тоа значи дека Jazz Hybrid (според Јапанскиот начин на мерење на потрошувачката) ќе троши само 2.7 литри на 100 изминати километри!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.