Утринска Гимнастика: Corvette Stingray пристигна во Европа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Corvette Stingray пристигна во Европа!

Chevrolet Corvette Stingray наскоро ќе започне да се продава во Европа – погледнете како изгледаше првиот автомобил кој пристигна тука!

Како и со секој нов автомобил, така е и со Corvette  – секој автомобил мора да помине низ соодветните тестирања и прилагодувања за Европскиот пазар. Patrick Herrmann, техничкиот директор на Chevrolet Europe и неговиот тим ќе возат два примероци од Corvette Stingray низ Германија, Швајцарија, Франција и Холандија следниве неколку месеци.

Продажбата во Европа ќе започне оваа есен, по цена од 69.990 евра во Германија, сите модели продадени тука ќе бидат со Z51 пакетот, кој нуди електронски диференцијал со ограничено пролизгување, аеро пакет, поголеми тркала и кочници, спортска суспензија и поспортско управување, како и MagnaRide системот за управување со суспензијата, но и спортски издувен систем. Благодарение на спортскиот издувен систем, Европската Corvette Stingray ќе нуди 460 коњски сили и 630 Nm вртежен момент. Стандардно ќе се нуди со 7-степен мануелен менувач, а забрзувањето до 100 километри на час ќе трае помалку од 4 секунди.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.