Како и секој втор понеделник, така и овој, Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата.
Согласно нивната методологија за пресметка на малопродажните цени, цените на горивата се зголемуваат во просек за 4.11 проценти. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 поскапува за 2.50 денари и ќе се продава по цена од 81 денар за литар. Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за три денари и ќе се продаваат по цена од 83 денари, односно 70 денари за литар, соодветно.
Новите цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ, и ќе важат следните две седмици.