Citroen го искомбинира DS3 Cabrio со DS3 Racing и резултатот на тоа е кабриолет верзија на DS3 Racing со повеќе од 200 коњски сили!
Под поклопецот на моторот се крие истиот 1.6 литарски турбо бензинец кој веќе го познаваме од DS3 Racing. Во него, овој мотор испорачува 204 коњски сили и 275 Nm вртежен момент. Тежината кај Cabrio моделот е зголемена само за 25 килограми, а тоа значи дека влијанието врз перформансите би требало да е минимално. DS3 Racing забрзува до 100 километри на час за 6.9 секунди, па слични перформанси можеме да очекуваме и кај Cabrio верзијата.
Сепак, ова е само концепт, кој покрај на Goodwood Festival of Speed ќе се појави и на IAA саемот за автомобили во Франкфурт кој се одржува во Септември. Судејќи по вниманието кое Citroen му го посветува на овој концепт, воопшто не би биле ограничени ако се најде во ограничено сериско производство, како врв на колачот на DS3 фамилијата.