Руската тјунинг компанија TopCar го претстави својот најнов Stinger третман, наменет за Porsche 911.
Третманот опфаќа нов аеродинамички бодикит, кој содржи карбонска хауба, поагресивни браници, пошироки крила и редизајнирани странични прагови. Во пакетот спаѓаат и карбонски заден спојлер, дифузер и ADV1 фелни во темна металик боја. Екстериерните измени ги заокружува новиот издувен систем со двојни издувни цевки на двете страни од задниот браник.
Ентериерот на Stinger е опремен со син кожен тапацир, плочки со назнака Stinger и детали од карбон на воланот, централната конзола, инструмент таблата и вратите. Целиот пакет чини 14,280 евра, а може да биде наместен на моделите 991 Carrera 4 и Carrera 4S.