Mercedes-Benz CLA 45 AMG исто така добива Edition 1 изведба – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz CLA 45 AMG исто така добива Edition 1 изведба

Mercedes-Benz ја претстави CLA 45 AMG Edition 1 изведбата, направена по примерот на помалиот А45 AMG Edition 1.

Edition 1 се одликува со сјајно црн заден спојлер, графитно сиви странични линии и мат црни 19-инчни алуминиумски фелни. Автомобилот исто така е украсен со црвени детали на решетката, ретровизорите и тркалата. Измените во ентериерот опфаќаат нови поспортски кожни седишта, украсни црвени шевови, специјални назнаки и AMG патосници.

Исто како и стандардниот модел, Edition 1 е погонуван од 2.0-литарски четири-цилиндарски агрегат кој развива 360 кс и 450 Nm максимален вртежен момент. Тој е усогласен со седум-степена трансмисија со двојна спојка и систем за погон на сите четири тркала, кој му овозможува на седанот забрзување од 0-100 км/ч за 4.6 секунди и да достигне електронски ограничена максимална брзина од 250 км/ч.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.