Панорама: Новиот Citroen Grand C4 Picasso – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Панорама: Новиот Citroen Grand C4 Picasso

Само неколку месеци по претставувањето на C4 Picasso, Citroen официјално го прикажа и неговиот покрупен близнак Grand C4 Picasso.

Исто како и стандардниот C4 Picasso, назначајната вест е преоѓањето на новата EMP2 платформа, која ја намалува вкупната тежина за 110 килограми, резултирајќи со подобрена економија на возење, поснажни перформанси и поагилно управување.

Citroen-Grand-C4-Picasso-17[2]

Дизајнот е во најголем дел преземен од помалата варијанта, со неколку нови елементи, како благо изменет преден дел, нови задни светлосни групи и уникатни кровни шини кои се слеваат во А и Д столбовите. Моделот исто така располага со панорамски кров и избор од 16, 17 и 18-инчни алуминиумски фелни.

Ентериерот е целосно превземен од C4 Picasso, опремен со елементи од хром и детали во сјајна црна боја, и украсен со амбиентално LED  осветлување. Тука е и мултимедијален систем и 12-инчен панорамски HD дисплеј кој служи како дигитална инструмент табла.

Citroen-Grand-C4-Picasso-30[2]

Новиот Grand C4 Picasso има подолго меѓуоскино растојание и значително пократки надвисоци, додека трагот на тркалата е поширок, а подот понизок од претходникот. Сето ова придонесува за поголем простор во кабината, што е всушност главната особина на возилата од оваа класа.

Во почетокот палетата на мотори ќе опфаќа само дизелски агрегати. Тука се вклучени основниот со 90 кс, средниот со 115 кс, како и најсилниот BlueHDI агрегат со 115 кс. Сите тие може да се добијат со шест-степен автоматски или рачен менувач .Понатаму се очекува да бидат понудени и останатите погонски единици од гамата на помалиот C4 Picasso.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.