Новиот Chevrolet Corvette Stingray е првата генерација на Corvette која ќе се продава на Стариот континент, а сега General Motors ги објави Европските цени за овој автомобил.
Сумата за која Европските жители ќе можат да ја поседуваат седмата генерација на Corvette ќе започнува од 61,495 фунти во Велика Британија, 69,990 евра во Германија, Франција и Хрватска, 70,990 евра во Италија и 79,990 евра во Шпанија, што е значително поскапо во споредба со цената во САД која изнесува 51,995 долари (38,900 евра).
Сепак, сите автомобили на Европскиот пазар ќе пристигнат стандардно опремени со Z51 пакетот (2,500 долари во Сад) кој вклучува електронски диференцијал со ограничено пролизгување, аеродинамичен пакет, поголеми тркала и сопирачки, поспортска суспензија и систем за управување, плус магнетичка контрола на суспензијата во возење (1,795 долари во САД), систем за управување на тракцијата и издувен систем со високи перформанси (1,195 долари во САД). Сите овие гореспоменати системи и елементи се опционални кај моделот во САД.
Благодарение на спортскиот издувен систем кој додава 5 кс, 6.2-литарскиот V8 агрегат на Европскиот Corvette Stingray произведува 460 кс при 6,000 вртежи и 630Nm вртежен момент при 4,600 вртежи во минута. Силата се испорачува преку седум-степен мануелен менувач кон задните тркала, а како резултат на ова Corvette Stingray е способен да забрза од 0-100 км/ч за помалку од четири секунди.