Volkswagen го направи 30-милионитиот Golf! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го направи 30-милионитиот Golf!

Пред само неколку дена, фабриката на Volkswagen во Wolfsburg го произведе 30-милионитиот примерок на моделот Golf. Golf се продава веќе 39 години!

Производството на првата генерација на Volkswagen Golf (кој воедно е и најуспешен модел на компанијата во Европа) започна во сега веќе далечната 1974-та година. Со произведени 30 милиони Golf-ови, ова значи дека Golf се продава во повеќе од 2000 примероци секој ден.

Јубилејниот Golf е TDI Bluemotion модел, кој може да се пофали со екстремно ниска потрошувачка од само 3.2 литри на 100 изминати километри и е најекономичниот Golf досега. Истовремено, претседателот на управниот одбор на Volkswagen AG, Martin Winterkorn и официјално ја прими наградата за Автомобил на Годината за 2013 која ја доби токму седмата генерација на Volkswagen Golf.

golf-gti-30-million-rear

Додека ја примаше наградата, Martin Winterkorn изјави:

Историјата на Golf е, воедно и историја на развојот на автомобилската индустрија. Со технологиите како: безбеден погон на предните тркала кај првиот Golf, дебито на TDI во третата генерација на Golf, ESP (електронската контрола на стабилноста) и двојната спојка кај четвртата генерација, како и стандардниот автоматски пост – колизионен систем за сопирање на новата генерација, овој автомобил постојано го „демократизира“ прогресот, правејќи ги достапни на поширокиот автомобилски пазар најновите достигнувања во индустријата. Благодарение на Golf, оптималната безбедност, удобноста и уживањето во возењето не се веќе прашање на луксуз. Затоа, овој наш најпродаван автомобил со право го носи името „Фолксваген“.

Седумте генерации на Golf кои ја испишаа историјата

golf-generations

Golf I (1974-1983): „Сè започна во 1974 година, со револуција” – вели Клаус Бишоф, раководителот на Дизајн на брендот Volkswagen. „Преминот од Буба (Beetle) во Golf беше револуционерен. Беше создаден нов автомобил со конверзија на задниот моторот со воздушно ладење во преден мотор со водено ладење и од погон на задни тркала во погон на предни тркала. Од аспект на надворешниот изглед на автомобилот, Фолксваген дизајнерите ги напуштија тркалезните форми и преминаа на нов дизајн со правоаголна структура – врз основа на легендарната дизајнерска студија на Џорџето Џуџаро”.

Поврзано:  Во салонот на Volkswagen пристигна новиот Taigo

Golf II (1983-1991): Ова е Golf-от во кој се воведени Фолксваген технологиите: контролиран каталитички конвертор (1984), ABS (1986) и погон на сите тркала (1986). Сериските модели од оваа генерација, напреднаа во таа мера што дефинитивно станаа икона. Марк Лихте, водечкиот дизајнер на Volkswagen се присетува: „Во тоа време, клучниот момент во историјата на Golf беше одлуката на членовите на Управниот одбор за понатамошно развивање на дизајнот на Golf I и конципирање на Golf II врз основа на неговата “визуелна ДНК”. Со ова сè се покрена и Фолксваген создаде основа за континуиран развој на сериските модели”.

Golf III (1991-1997): Во 1991 година, Фолксваген иницираше нова ера во системот за безбедност на третата генерација. Од една страна Golf III беше првиот модел во серијата кој понуди предни воздушни перничиња во 1992 година; а од друга страна напредокот во производството на каросеријата доведе до понатамошни подобрувања на нејзините безбедносни својства при незгоди. Првиот TDI мотор исто така, беше воведен во сериските модели на оваа генерација Golf (1993).

Golf IV (1997-2003): Под раководство на поранешниот шеф на Дизајн (групата) Хартмут Варкус, создаден е дизајнот, кој го поплочи патот кон иднината на Фолксваген. Денес, експертите го сметаат Golf  IV како дизајнерска икона и пионер за серијата. Но овој Golf беше воедно и инженерски подвиг со новите технологии како:  ESP (1998) и двојните спојки – DSG (2002).

Golf V (2003 до 2008): Тоа беше Golfот, чиј комфор, динамика и пред сè квалитет, ги засени останатите конкуренти во високата средна класа на возила. Вредноста која ја илустрира стабилноста на ласерски заварената каросерија е 35 проценти појаката торзијална крутост, кога Golf V го направи своето деби во 2003 година. Во 2007 година, базиран на Golf V, беше креиран првиот Golf BlueMotion (со потрошувачка на гориво од 4.5л/100км).

Поврзано:  Volkswagen ја проширува SUV-понудата со Tayron, поставен меѓу Tiguan и Touareg

Golf VI (2008 до 2012): Каросеријата, повторно ласерски заварена, беше толку безбедна што помина со врвни оценки на ЕУРОКАП тестот, постигнувајќи го максимумот од пет ѕвезди. Триумфот на ТSI моторите (високо – технолошки бензински мотори) и конверзијата на турбо дизелите (TDI) во систем со заедничка оска, доведе до подинамични перформанси и поекономична потрошувачка на гориво. Претходникот беше вториот Golf BlueMotion со  комбинирана потрошувачка на гориво од само 3.8л/100км.

Golf VII (од 2012): Намалената тежината за до 100 килограми во седмата генерација на Golf, ја ревидираше дискутабилната нагорна тежинска спирала. Потрошувачката на гориво беше намалена за 23 проценти, во споредба со претходниот модел, за специфичниот модел на мотор. Претходникот во оваа насока е Golf TDI BlueMotion со комбинирана потрошувачка од само 3.2л/100км и е воедно 30 милионитиот произведен автомобил. Golf VII ќе биде дефинитивно запомнат во историјата како компактен модел во кој една цела армада од нови дополнителни помошни системи го имаа своето деби. Тоа се превентивните и заштитни системи PreCrash и автоматскиот пост-колизионен систем за запирање – технологии кои во минатото имаа поголема веројатност да бидат понудени во повисоката класа на возила, отколку во компактната класа. Што повторно означува нова фаза во распространувањето – демократизацијата на автомобилскиот напредок.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.