Formula 1 – ГН Канада: Себастијан Фетел ја освои Канада – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Formula 1 – ГН Канада: Себастијан Фетел ја освои Канада

Возачот на Red Bull, германецот Себастијан Фетел на доминантен начин стигна до својата прва победа на канадското гран при.

Себастијан Фетел е победник на седмата трка од овогодинешната сезона на Formula 1. Тој стартуваше од пол-позицијата и во ниту еден момент до крајот на трката не дозволи да му биде загрозено или одземено првото место. Со него на победничкиот пиедестал се искачија возачот на Ferrari, Фернандо Алонсо, како и Луис Хамилтон од Mercedes.

Со оваа победа Фетел, направи значен исчекор во борбата за титулата и ја зголеми предноста на 36 поени во однос на Фернандо Алонсо, кој се искачи на втората позиција во генералниот поредок по лошото издание на Кими Раиконен кој заврши како 9ти. Единствена утеха за летечкиот финец, е тоа што успеа да го изедначи рекордот на Михаел Шумахер од 24 последователни трки завршени во пласман за бодови.

По разочарувачкиот викенд пред две седмици во Монако, Ferrari имаше  солидна трка во која што покажаа дека имаат навистина силен болид. По вчерашните разочарувачки квалификации за Фелипе Маса, тој успеа од шестнаесеттата позиција на крајот да заврши како осми, а Фернандо Алонсо кој стартуваше како шестти, успеа да надокнади четири позиции.

Тимот на Force India, кој овој викенд ја прославуваше својата јубилејна 100та трка, успеа да заврши во бодови со двата свои болида кои на крајот се најдоа на седмата и десеттата позиција.

За три седмици нè очекува вистинска класика, бидејќи Formula 1 се сели во Велика Британија на легенедарната патека Silverstone.

Резултати од трката за ГН на Канада:

1. S.Vettel 		RBR-Renault 	
2. F.Alonso 		Ferrari 	
3. L.Hamilton 		Mercedes 	
4. M.Webber 		RBR-Renault 	
5. N.Rosberg 		Mercedes 	
6. J.Vergne 		STR-Ferrari 	
7. P.Resta 		Force India
8. F.Massa 		Ferrari 
9. K.Räikkönen 		Lotus
10. A.Sutil 		Force India 	
11. S.Perez 		McLaren-Mercedes 		
12. J.Button 		McLaren-Mercedes 		
13. R.Grosjean 		Lotus	
14. V.Bottas 		Williams	
15. D.Ricciardo 	STR-Ferrari 		
16. P.Maldonado 	Williams	
17. J.Bianchi 		Marussia	
18. C.Pic 		Caterham	
19. M.Chilton 		Marussia	
Отк. E.Gutierrez 	Sauber	
Отк. N.Hulkenberg 	Sauber	
Отк. G.Garde 		Caterham

Генерален пласман – возачи:

1. Sebastian Vettel - 132
2. Fernando Alonso - 96
3. Kimi Raikkonen - 88

Генерален пласман – конструктори:

1. RBR – Renault - 201
2. Ferrari - 145
3. Mercedes – 134

Подготвил: Игор Андоноски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.