Како и секој втор понеделник, така и денес Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата. Од вечерва ќе купуваме поскапо гориво!
Согласно методологијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени на бензинот и дизелот се зголемуваат во просек за 0.18 проценти. Преведено во реални бројки, тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поскапуваат за 1 денар и ќе се продаваат по цена од 80, односно 81.50 денари за еден литар. ЕУРОДИЗЕЛ останува со истата цена, и ќе се продава по цена од 67.50 денари за литар.
Новите цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ, и ќе важат следните 14 дена.