Nissan продаде 10.000 примероци од моделот Leaf во Европа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan продаде 10.000 примероци од моделот Leaf во Европа!

Јапонскиот производител успеа да продаде 10.000 примероци од електричниот Leaf. Купувачот е медицинска сестра од Франција која сака да влијае на загаденоста на воздухот во Париз!

Госпоѓата која го купила овој јубилеен Leaf била импресионирана од ниските трошоци за одржување и одсуството на било какво загадување од автомобилот. Изјавила дека бидејќи е медицинска сестра во Париз, многу добро го знае влијанието кое загадениот воздух го има на граѓаните на оваа Европска метропола.

Leaf почна да се продава во Европа во 2011 на само неколку пазари, но сега се продава во целиот регион. Наскоро се очекува и освежен Leaf кој ќе се произведува во Велика Британија и ќе има преку 100 промени. Според Nissan, ова е важен момент за електричните автомобили и покажува дека продажбата на електричните автомобили конечно зема замав.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.