„Градски Паркинг – Скопје“ најави дека од утре започнува летното работно време на зонското паркирање, и дека од утре ќе се наплаќа до 23 часот.
Согласно летниот режим на наплата, наместо од 7 до 21 часот, возилата кои немаат дозвола бесплатно да паркираат во зоните А, Б и Ц, за паркирање ќе плаќаат помеѓу 7 и 23 часот од понеделник до сабота, а во зона Д останува истото работно време како и во зимскиот период – од 7 до 23 часот, од понеделник до сабота. Цените остануваат исти како и во зимскиот период.
Извор: Градски Паркинг – Скопје