Повторно специјалистите за конкавни фелни ни послужуваат одлично видео за разубавување на денот!
Овој пат можеме да ги видиме автомобилите опремени со Vossen модели и нивните сопственици од Орландо, Флорида. Како и секогаш покрај огромната големина на фелните и екстремно нискиот профил на пневматици, тие се максимално прилепени на патот и навистина изгледаат прекрасно кога се во движење. Погледнете како тоа визуелно изгледа во видеото подоле, уживајте!