Peugeot 208 T16 Pikes Peak е подготвен за поход! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 208 T16 Pikes Peak е подготвен за поход!

Францускиот бренд објави фотографии кои го прикажуваат автомобилот во нивните традиционални тркачки бои и боите на спонзорите Total, Red Bull и Michelin.

Peugeot се навистина сериозни за овогодишната ридско-брзинска трка Pikes Peak која ќе се одржи во Колорадо на 30-ти Јуни, со тоа што создадоа специјален тркачки болид кој ги користи дизајнерските елементи само на 208 и ништо друго.

Позади воланот на “измутираниот” битурбо V6 208 со 875 кс, ќе седи светската рели легенда и деветкратен шампион Себастијан Лоеб, кој се надева дека ќе го повтори успехот кој Peugeot го имаше во минатото со моделите 205 T16 и 405 T16 Pikes Peak.

Ние пронајдовме видео од тестирањата и фотосесијата на 208 T16 Pikes Peak и решивме да го споделиме со вас:



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.