Главниот домаќин на Wörthersee фестивалот, Volkswagen, претстави дизајнерска студија за спортска изведба од Amarok.
Спортскиот концепт е погонуван од 3.0-литарски V6 турбо дизел агрегат кој испорачува 268 кс и максимален вртежен момент од 600 Nm. Шест-цилиндарскиот мотор е поврзан со осум-степена автоматска трансмисија и постојан погон на сите тркала, што го прави моделот способен да забрза од место до 100 км/ч за 7.9 секунди.
Екстериерот се одликува со 60mm пошироки крила кои ги вдомуваат огромните 22-инчни фелни во темно сива боја, обвиени во пневматици со високи перформанси во профил 295/35. Тука се и нови браници, странични прагови, заден дифузер со две издувни цевки и нови LED светла. Внатрешноста е дотерана со поспортски седишта, карбонска централна конзола и панели на вратите, спортски волан и црвени детали.
Погледнете ги ексклузивните фотографии направени од нашиот фотограф Дејан Маликовски!
Поддржано од: