Британскиот бренд создаде 13 минутен филм во холивуд стил за промоција на новиот F-Type. Резултатот е воодушевувачки!
Jaguar F-Type е многу важен автомобил за Британскиот бренд, па секоја шанса за негова промоција се искористува максимално. Следејќи ја песната “Burning Desire” од Lana Del Rey, напишана ексклузивно за F-Тype, Jaguar сега претставува краток филм наречен “Desire” (Копнеж), кој беше премиерно прикажан на Санденс Лондонскиот фестивал на музиката и филмот.
Филмот е режиран од Адам Смит, а во главните улоги се добитникот на Golden Globe и Emmy наградите – актерот Damian Lewis, Шпанскиот актер Jordi Molla и Американската актерка Shannyn Sossamon. Додајте на сето тоа уште еден црвен Jaguar F-Type, брканица со автомобили, покотници и брефтање на V8 агрегат, и уживањето е загарантирано!