MG CS Concept – Повторно воздигнување на брендот? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

MG CS Concept – Повторно воздигнување на брендот?

Иако во моментов е во Кинески раце, Британскиот бренд MG најавува поагресивно враќање на Европскиот пазар со компактниот SUV кој го нарекуваат CS Concept.

Кинеските газди најавуваат дека сеуште немаат планови за сериско производство на CS, сепак изјавуваат дека доколку се решат на таков чекор, CS би можел да се најде во салоните низ Европа и Кина за само две години.

На фотографиите до кои стигнавме, малиот урбан SUV изгледа привлечно и модерно. Сигурни сме дека доколку се појави на пазарот и биде соодветно ценовно позициониран би бил сериозен конкурент на веќе докажаните модели во оваа класа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.