Пред Новогодишните празници „протекоа“ неколку фотографии од новото хибридно купе на Јапонскиот производител, а сега ги гледаме првите официјални фотографии од новиот конкурент на Mercedes SL.
Веќе пишувавме за овој нов концепт, па затоа нема што многу повторно да кажеме. Овој концепт кој е предвесник за идната дизајнерска насока на луксузниот огранок на Toyota, ги соединува органските линии со високата технологија и нуди нешто навистина свежо и интересно.
Секако, ова е само концепт, и не мора да значи дека ќе го видиме во сериско производство, но нам ни се допаѓа како изгледа, а судејќи по импресивниот Lexus LFA, инженерите од Lexus знаат да направат импресивен спортски автомобил. Ајде Lexus, направете го тоа пак!