Изминатиов викенд започна десеттата сезона на Formula Drift пред огромна публика во Лонг Бич, Калифорнија.
Десет-годишнината на настанот со тркање во страничен стил со горење гуми е добар доказ за популарноста на спортот кој дава се што секој тркачки ентузијаст бара – возила со многу коњски сили кои се тркаат едно до друго со очекување за механичка оштета.
Во првата рунда која се одржа викендов победник беше Даиџиро Јошихара, шампионот од 2011-та, позади воланот на Nissan 240SX. Негови придружници на подиумот беа Вон Гитин (Ford Mustang) и Крис Форсберг (Nissan 370Z), освојувајќи ги второто и третото место. Минатогодишниот победник, Џастин Павлак со неговиот Ford Mustang претрпе тежок судир во текот на првите квалификации, и иако неговиот тим успеа да го состави автомобилот за да може да се квалификува во второто возење, вториот пат тој изгуби.
Значајно отсуство имаше ветеранот Рис Милен, кој ја освои титулата позади воланот на Hyundai Genesis Coupe во 2010. Hyundai се откажа од програмата на овој моторспорт во Северна Америка минатата година, оставајќи го неговиот тим без главен спонзор. Сепак, и покрај тоа, Hyundai и Рис Милен ќе соработуваат на Pikes Peak за неколку месеци.
Втората рунда ќе се одржи викендот на 10-11ти Мај на Роуд Атланта .