Audi се подготвува за значително освежување на дизајнот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi се подготвува за значително освежување на дизајнот

Германскиот бренд во посебно време е мета на критики кога станува збор за дизајнот. Критиките не се за тоа дека автомобилите изгледаат лошо, туку дека премногу наликуваат еден на друг.

Сепак, Германците не седат со скрстени раце. Според најновите сознанија, Audi се подготвува за сериозно размрдување и освежување на дизајнот на своите модели. Покрај Dirk van Braeckel кој го превземаат од Bentley и кој ќе биде одговорен за Audi Motorsport, Audi презема дизајнери од Seat, Alfa Romeo, но и од други брендови.

Овие промени ги започнаа главниот дизајнер Wolfgang Egger и одговорниот за развој, Wolfgang Dürheimer. Иако дизајнерската стратегија е повеќекратно наградувана, сепак сметаат дека е вистинско време за наоѓање нова насока. Според одговорните во Audi, дизајнот на автомобилите ќе се движи кон „нешто ново, без да ја скрши традицијата“.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.