37 члената жири комисија ја пофали новата Mazda 6 за нејзиниот високо иновативен дизајн и смел став, кој веќе освои две други награди од нејзиното лансирање.
Новата Mazda 6 е вториот автомобил од гамата на Јапонскиот бренд, кој е стилизиран по новиот Кодо дизајнерски јазик, по кросоверот CX-5. Сепак, направен по примерот на концептот Takeri, овој седан може да се пофали со позрел и поскладен изглед, кој го прави еден од најубавите автомобили во класата.
Изгледа дека навистина се исплател долгогодишниот развој да ја направат новата шестка комплетен автомобил. Ова значи дека покрај тоа што изгледа многу својствено, пружа одлично управување и уживање во возењето од возачки аспект.