Освежување за Panamera и нова хибридна верзија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежување за Panamera и нова хибридна верзија

Porsche официјално ја претстави обновената Panamera заeдно со новата хибридна верзија, четири години по нејзиното појавување на пазарот.

Oсвежената Panamera носи неколку модификации на предниот дел со нов изглед на светлосните групи. Задниот дел од автомобилот е попрефинет од претходно и доаѓа со редизајнирани светла и браник. Новата Executive варијанта од Panamera Turbo и Panamera 4S има 15cm подолго меѓуоскино растојание со две одделени седишта позади.

Panamera 4 и 4S добиваат нов 3.0-литарски V6 твин-турбо бензински агрегат наместо досегашниот 4.8-литарски V8. Силата е зголемена на 413 кс, додека вртежниот монет е зголемен на 521 Nm. Германскиот бренд изјави дека економијата на возење е подобрена за 18 проценти во споредба со стариот V8.

E-Hybrid верзијата доаѓа со 3.0-литарски V6 мотор, електромотор со сила од 94 кс и литиум-јонски батерии. Овој распоред му овозможува на автомобилот вкупно 410 кс, доволни за забрзување од 0-100 за 5.5 секунди и максимална брзина од 269 км/ч.

Потрошувачката на гориво е намалена за 56 проценти во споредба со претходниот модел, така што Porsche Panamera E-Hybrid конзумира само 3.1 литри на 100 километри со емисија на издувни гасови од само 71 грам на километар. Во режим само на електрична енергија може да постигне максимална брзина од 133 км/ч во опсег од 17 до 35 километри.

Сегашниот дизел ќе биде заменет во почетокот на 2014 со нов агрегат кој нуди 300 кс. Исто така наредната година Porsche планира да ги лансира Panamera Turbo S и Panamera Turbo S Executive.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.