По скоро два месеци од објавувањето на концептот Technospace, Citroen го претстави новиот идентичен моноволуменец C4 Picasso.
Без сомнеж, првата работа која секој ќе ја забележи кај овој модел е неговиот необичен дизајн на предниот и страничниот дел, кои изгледаат како да се дизајнирани токму од Picasso. Сепак, задниот дел е направен во поинаков стил и се одликува со повоздржан дизајн.
Новиот C4 Picasso е првиот модел направен на новата модуларна платформа на групацијата PSA, а благодарение на неа и уште неколку модификации постигнато е значително намалување на тежината за дури 140 килограми во споредба со претходниот модел. Покрај тоа што моделот е за 40mm пократок и 50mm понизок од претходникот, поради 55mm подолгото меѓуоскино растојание новиот модел може да се пофали со повеќе простор за патниците во кабината, како и зголемен багажен простор за дури 40 литри.
Ентериерот е направен од поквалитетни материјали, кои ќе бидат достапни во повеќе нивоа на опрема. Инструмент таблата претставува 12-инчен екран сместен над централната конзола. Во основно ниво, новиот C4 Picasso доаѓа опремен со седум-инчен екран на допир, преку кој возачот и патниците ќе имаат целосна конрола на сите функции, вклучувајќи радио, навигација, дво-зонска клима, безбедносни системи, телефон итн. Задната клупа ја сочинуваат три поединечни седишта кои можат да се движат и наместат секое различно.
Новиот C4 Picasso е првиот моноволуменец со конвенционален мотор со внатрешно согорување кој испушта штетни издувни гасови од помалку од 100 грама на километар. Тоа е е-HDi 90 Airdream моделот опремен со старт/стоп систем и придвижуван од 1.6-литарски турбо дизел агрегат со 90 кс, усогласен со шест-степен менувач без спојка. Во оваа комбинација, C4 Picasso има навистина ниска средна потрошувачка од само 3.8 литри на 100 километри.
Во понуда ќе бидат уште два дизели, 1.6-литарски со 115 и 150 кс, како и два бензинци, 1.6-литарски со 120 и 155 кс.
Citroen подготвува и замена за поголемиот Grand C4 Picasso.