Себастијан Лоеб ќе вози Peugeot 208 T16 на Pikes Peak – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Себастијан Лоеб ќе вози Peugeot 208 T16 на Pikes Peak

Peugeot ќе се врати на најпознатата ридска трка Pikes Peak со светскиот рели шампион Себастијан Лоеб позади воланот на 208 T16 Pikes Peak.

Францускиот бренд има освоено две победи на овој настан. Првата победа ја забележа Ари Ватанен во 1988-ма година, кога постави нов рекорд на патеката со 405 T16. Видеото од тоа возење e објавено како краткометражен филм насловен Climb Dance. Една година подоцна, Боби Ансер освои уште едно прво место, исто со 405.

Автомобилот кој ќе биде претставен следниот месец, ќе учествува во класата Unlimited, а ќе го носи бројот 208. Peugeot 208 T16 Pikes Peak е последниот член на гамата на натпреварувачки возила базирани на 208, по 208 T16, 208 R2, 208 Racing Cup и 208 GTi.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.