Kia го прикажа CUB концептот во Сеул – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Kia го прикажа CUB концептот во Сеул

Корејскиот бренд го претстави новиот CUB концепт на нивниот домашен автомобилски саем во Сеул.

Новиот концепт се протега во должина од скоро четири метри, а е дизајниран во студиото на компанијата под раководство на Питер Шрејер. Иако изгледа како хечбек, од Кiа велат дека се работи за компактно купе со четири врати.

Концептот е долг помалку од четири метри, а негова најзначајна одлика е изоставувањето на Б-столбот за полесен влез во кабината, а тука се и задните врати кои се отвараат автоматски на допир наназад. Автомобилот е опремен со LED светла и вози на 19-инчни алуминиумски фелни.

Во внатрешноста се забележуваат четири одвоени седишта, како и кожен тапацир со жолти детали на седиштата, воланот и потпирачите за раце. Централната конзола има минималистички дизајн и е со вградени отвори за вентилација кои се управуваат на допир преку сензори, додека воланот може да го имитира биоритамот на возачот.

За придвижување на автомобилот е задолжен 1.6-литарски турбо бензински агрегат со 204 кс и 265 Nm вртежен момент.

Корејската компанија изјави дека нема намера да го произведува CUB concept.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.