Volvo R-Design пакети за освежените S60, V60 и XC60 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo R-Design пакети за освежените S60, V60 и XC60

Volvo ги претстави спортските R-Design третмани за неодамна освежените S60, V60 и XC60.

Овие верзии се опремени со истите мотори како и стандардните модели, но носат измени во подвозјето и дизајнот на екстериерот и ентериерот. Автомобилите се одликуваат со поспортски изглед, благодарение на црната решетка без рамка, редизајнираниот преден браник со LED дневни светла и сплитер, задниот браник со интегриран дифузер и две овални издувни цевки.

Иако Volvo не објави фотографии од ентериерот, изјави дека тој сега стандардно е опремен со нови спортски кожни седишта, а новиот адаптивен дигитален дисплеј овозможува избор помеѓу три различни распореди со различна конфигурација и функционалност.

R-Design спортската шасија е за 15mm пониска и има 15 проценти потврда суспензија споредена со стандардните S60 и V60. Шасијата на XC60 е исто така потврда и доаѓа со изменети амортизери и стабилизатори за поспортско возење.

Volvo понуди и Polestar опција која им додава 25 кс на моделите опремени со T6 агрегатот. Ова придонесува за подобрување на перформансите, па така забрзувањето на моделот S60 T6 е намалено од 6.1 на 5.9 секунди, кај V60 T6 од 6.2 на 6 секунди, додека кај XC60 T6 од 7.3 на 6.9 секунди.

Новите Volvo S60, V60 и XC60 R-Design ќе бидат во понуда на сите пазари каде што се продаваат и нивните стандардни модели.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.