Renault Clio GT – Пристоен градски спортист – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Clio GT – Пристоен градски спортист

Пред некое време ги пренесовме деталите за лутото Clio RS, а сега ја имаме можноста да ја разгледаме и GT изведбата на малиот Французин.

Renault Clio GT ќе биде автомобил кој нема да биде толку моќен како најспортската RS изведба и ќе се наоѓа токму во средина, помеќу RS и обичната верзија на малиод градски адут на Renault.

За разлика од обичната верзија на Clio, GT изгледа поагресивно благодарение на новиот браник со поголеми отвори за воздух и LED дневните светла кои сега се поставени подолу. Покрај тоа, Clio GT добива и поголеми фелни како и нов заден дифузер.

Останува непознато каков мотор ќе се вградува во GT изведбата на Clio и која ќе биде неговата цена. Се надеваме дека наскоро Renault ќе излезе со официјални информации.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.