Студентот на Европскиот Институт за Дизајн (IED) во Торино, Алекс Имнаџе, ја претстави неговата визија за реинкарнацијата на Alfa Romeo 6C.
Алекс го замислил новиот 6C како автомобил со погон на задните тркала, мотор поставен во предниот дел и Gran Turismo облик на каросеријата. Дизајнот е инспириран од оригиналната Alfa Romeo 6C од 1948-ма година, суперавтомобилот 8C, кој се произведе во ограничена бројка од само 500 примероци, како и концептот Pininfarina 2uettottanta.
Резултатот е страстен Италијански мускулест автомобил, кој е подготвен да се натпреварува на фронтот со Ford Mustang и Chevrolet Camaro. Се надеваме дека во блиска иднина Alfa Romeo ќе понуди сличен ваков модел, со што ќе ги израдува многубројните фанови на спортското срце.