Audi го произведе пет-милионитиот Quattro автомобил! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi го произведе пет-милионитиот Quattro автомобил!

Пред неколку дена пет-милионитиот Audi Quattro автомобил излезе од производната лента. Audi прослави 33 години успех со својот погон на сите четири тркала.

Системот за прв пат се појави во сега веќе далечната 1980-та година, а низ годините се најде во повеќе од 140 различни модели, откако ги докажа своите можности на патеките на Светскиот Рели Шампионат. Историјата, традицијата и реномето на Quattro се повеќе од познати, а системот се нуди стандардно во Q7, R8, A4  и A6 Allroad но и сите S и RS модели. Секако, системот е достапен како опција кај сите други модели.

Според Rupert Stadler, претседателот на управниот одбор на Audi AG, Quattro е еден од столбовите на успешната историја на брендот. Quattro не е само технологија, туку и икона.

Но моменталните успеси на Audi не застануваат со прославата на 5-милионитиот quattro автомобил. Најновата генерација на Audi A3 ја освои iF Design наградата за својот дизајн, а наградата ја доделува iF International Design Forum GmbH. Со награда се закити и Audi A4 кој според извештајот на DEKRA за користени автомобили е „Најдобар во сите класи“. Ова е големо признание за Audi, но не е прво – Audi ја освојува оваа награда по петти пат!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.