Регулаторната комисија за енергетика може да се пофали со нова веб страница и нови, повисоки цени на горивата. Бензинот и дизелот поскапеа по еден денар.
Согласно нивната методологија за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.34%. За покачувањето на цената од Регулаторната Комисија ги обвинуваат поскапата цена за барел нафта на светските берзи, но и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Од вечерва на полноќ, литар ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продаваат по цена од 85, односно 87 денари. Литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 72.50 денари.