Megane RS Red Bull Limited Edition и кај нас! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Megane RS Red Bull Limited Edition и кај нас!

На покана на Automotive Group ги посетивме во нивниот салон, каде не пречека несекојдневниот Megane RS Red Bull – еден од вкупно 522 примероци!

Renault Megane R.S. Red Bull Limited Edition е произведен во само 522 парчиња. Еден од тие примероци стигна и кај нас. Луѓето од Automotive Group ни напоменаа дека чекаат секој момент сопственикот да си го подигне возилото, па ние ја искористивме шансата одблизу да го погледнеме.

Она што го издвојува Red Bull Limited Edition од останатите модели на Megane RS е CUP шасијата со која е опремен, RS Monitor системот за телеметрија, спортските седишта, ситните детали насекаде околу автомобилот, но и малата плакета која го означува ограниченото производство и серискиот број на автомобилот.

За жал, немавме можност да го повозиме, но сепак ви пренесуваме фотографии од Renaultsport катчето кое ги привлекува сите кои имаат бензин во крвта.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.