Audi S3 Sportback – За оние кои сакаат простор и перформанси. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi S3 Sportback – За оние кои сакаат простор и перформанси.

Веќе доволно знаеме за Audi A3, но спортските верзии секогаш ни се интересни. Кога со спортскиот карактер ќе се измеша и практичноста, тогаш навистина имаме посебен автомобил.

Да не одолговлекуваме – под поклопецот на моторот се крие истиот 2.0 TFSI турбо-бензински мотор кој веќе го знаеме од верзијата со три врати, кој нуди импресивни 300 коњски сили и 380 Nm вртежен момент. Благодарение на овој мотор Audi S3 Sportback забрзува до 100 километри на час за 5.6 секунди, односно рамно 5 секунди ако е опремен со S-Tronic менувачот со двојна спојка – а ова значи дека е побрз од својот брат со 3 врати. Максималната брзина останува ограничена на 250 километри на час.

Во внатрешноста ќе ве пречека ентериер каков што би очекувале од Audi – односно врвно ергономски и со најквалитетните материјали. За надворешноста се задолжени спортските браници и останатиот бодикит, но и големите 18-инчни тркала. Секако, сето ова е заокружено со одличниот Quattro погон на сите четири тркала кој е заштитен знак на Audi.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.