Привршува изборот за Автомобил на Годината во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Привршува изборот за Автомобил на Годината во Македонија

Откако неодамна беше објавена листата на финалисти за изборот на Автомобил на Годината во Македонија, вчера пред македонската јавност и официјално беа промовирани кандидатите за оваа титула.

Промоцијата на кандидатите се одржа во АСУЦ Боро Петрушевски, каде секој од кандидатите беше детално претставен пред своите конкуренти, но и пред останатите новинари и бројните гости. Како што беше истакнато, жирито во моментов е во последната фаза од изборот и наскоро ќе биде познато кому ќе му припадне ова признание. Според жирито, во мртва трка за наградата, односно стилизираната маска, во годинашниов избор се: Dacia Lodgy, Great Wall Hover H5, Kia Optima, Mercedes A класа, Mitsubishi Outlander, Peugeot 301, Seat Leon и Honda Civic.

Напоменато беше дека ова е 18-ти избор за Автомобил на Годината во Македонија. Досегашни победници се Fiat Bravo/Brava (1996); Renault Megane (1997); Opel Astra (1998); Škoda Octavia (1999); Fiat Punto (2000); Seat Leon (2001); Toyota Corolla (2002); Mazda6 (2003); Mazda3 (2004); Seat Altea (2005); Volkswagen Passat (2006); Opel Corsa (2007); Kia Cee’d (2008); Volkswagen Golf (2009); Opel Astra (2010); Hyundai ix35 (2011); Kia Rio (2012).

Доколку сакате, можете да се вклучите во дискусијата за овој избор на нашиот Форум и да го кажете вашето мислење за кандидатите и потенцијалниот победник.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.