WRC: Себастијан Ожие ја освои првата WRC победа за Volkswagen – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Себастијан Ожие ја освои првата WRC победа за Volkswagen

Себастијан Ожие ја донесе првата рели победа за Volkswagen, така што го победи Лоеб на последниот ден од Шведска. 

Ожие имаше осигурано пола минута разлика уште во вториот ден, но Лоеб држеше чекор со него и се повеќе му се приближуваше. Сепак, на крајот од релито возачот на Volkswagen покажа неверојатно возење и успеа да ја задржи разликата. Победата на последната стаза  му донесе 41 секунда предност, максимални 28 бодови и прва позиција во шампионатот.

Откако ја помина 2012-та година  во Super 2000 Skoda, додека VW го подготвуваше автомобилот за Светскиот Рели Шампионат, победата на Ожие во Шведска беше негов прв триумф од Рели Франција 2011 пред 17 месеци. Ожие е вториот не-скандинавски возач кој триумфирал на Рели Шведска, по победата на Лоеб во 2004. Француската еден-два победа значи дека ова е најлошиот резултат за скандинавците во историјата на шампионатот.

Мадс Остберг, кој финишираше на третата позиција, беше најдобар “домашен” возач. Тој покажа одлично возење по надоместувањето на казната за задоцнување, која ја доби во петокот изутрина, додека поправаше проблем со прегревање на неговиот Qatar M-Sport Ford. Но по краткото предизвикување на Лоеб, Остберг се заплетка во долга битка со Јари-Мати Латвала за третото место. Латвала се држеше со само секунда разлика, пред да заврши шест секунди позади Остберг на четвртата позиција.

Евгени Новиков изгледаше сигурен на комотното петто место се додека не се преврти и загуби 10 минути на три етапи пред крајот. Тоа им направи место на неговите тимски колеги Тери Невил и Јухо Ханинен, завршувајќи на петата и шестата позиција.

Лоеб нема да се појави се до Рели Аргентина во Мај, оставајќи ги Мико Хирвонен и Дани Сордо да ги бранат боите на тимот на Citroen. Двајцата направија грешки во Шведска. Хирвонен имаше излетување во вториот ден и заврши на 16-тата позиција. Сордо претрпе два судири во петокот и неделата, а вториот ги извади надвор од Релито.

Последните инциденти на Новиков и Сордо, како и проблемите на Хениг Солберг го издигнаа Мартин Прокоп на седмото место, пред Солберг и Новиков. На десеттото место изненадно се најде најдобриот од WRC2 класата, Саудискиот возач Јазид Ал Раџи со неговиот RRC Ford.

Водечки позиции по 22-та етапа:
Поз. Возач              Тим/Автомобил       Време/Разлика
 1.  Себастијан Ожие     VW                  3h11m41.9s
 2.  Себастијан Лоеб     Citroen                + 41.8s
 3.  Мадс Остберг        Qatar M-Sport Ford   + 1m24.5s
 4.  Јари-Мати Латвала   VW                   + 1m30.6s
 5.  Тери Невил          Qatar M-Sport Ford   + 5m06.4s
 6.  Јухо Ханинен        Qatar M-Sport Ford   + 5m43.1s
 7.  Мартин Прокоп       Czech Ford          + 11m25.4s
 8.  Хениг Солберг       M-Sport Ford        + 11m42.7s
 9.  Евгени Новиков      Qatar M-Sport Ford  + 13m04.7s
10.  Јазид Ал Раџи       Yazeed Ford         + 16m27.0s



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.