SRT ги објави плановите за големото враќање во Le Mans со два одлично подготвени Viper GTS-R автомобили!
Автомобилите на SRT ќе се натпреваруваат во LM GTE Pro класата и ќе се обидат да го повторат успехот кои претходниците ги постигнаа. Развиени заедно со Riley Technologies, автомобилите имаат специјален аеродинамичен бодикит и голем заден спојлер. За American Le Mans трките автомобилите имаат по 1245 килограми, развиваат помеѓу 450 и 500 коњски сили и имаат максимална брзина од 290 километри на час.
Viper имаше кратка но успешна кариера во Le Mans – ги освои првите две места три години по ред – од 1998 до 2000. Челниците на SRT се надеваат дека ќе успеат да го повторат успехот и со новиот автомобил.