Екстремно модифицираниот BMW Isetta од 1959 ќе биде поставен на аукција на RM Auctions на 16ти Фебруари.
Уникатниот тјунинг проект, базиран на Isetta, е погонуван од V8 агрегат од Chevrolet кој произведува околу 730 кс, кои се испорачуваат задното тркало преку дво-степен рачен менувач. Има двојни диск сопирачки и суспензија од M3. Преднте тркала се обвиени во BF Goodrich G-Force гуми, додека задното специјално тркачко тркало има дијаметар од 18 инчи и широчина од 13 инчи, а е обвиено во Sumimoto HTRZ II гума.
Иако е целосно функционално, возилото е исклучиво само за шоу и не треба да се користи на патиштата или патеките бидејќи масивниот максимален момент кој го произведува Chevrolet-овиот мотор може да биде опасен доколку се вози неправилно.
1959 BMW Isetta Whatta Drag се очекува да се продаде за помеѓу 75,000 – 100,000 долари.