Ексклузивно: Како би можеле да изгледаат новите Volkswagen Golf R и Golf CC – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ексклузивно: Како би можеле да изгледаат новите Volkswagen Golf R и Golf CC

Антон Ѓоршев ексклузивно за CARclub подготви визуелизации за тоа како би можеле да изгледаат новиот Golf R, но и шпекулираната купе-седан изведба на Golf која би ја носела ознаката CC.

Нашироко се шпекулира за тоа како би изгледал Golf R базиран на Golf од седмата генерација, па денес ни ја пренесуваме визијата на Антон Ѓоршев, млад македонски дизајнер кој веќе подолго време се занимава со визуелизација на концепти.

Покрај Golf R, ја пренесуваме и неговата визија за Golf CC, но и спортската изведба на Golf CC, која е комбинација од купе-седанот и Golf R. Нам ни изгледаат одлично, останува да видиме колку се блиски замислите на Антон до продукциските модели кога тие и официјално ќе бидат промовирани, а во меѓувреме Ви препорачуваме да го посетите DeviantArt профилот на Антон каде ќе можете да погледнете повеќе од неговите интересни креации.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.