Mercedes ја откри својата дива страна со објавување на промотивно видео за новото купе со четири врати, CLA.
Германскиот бренд го споредува карактерот на новиот CLA со елеганцијата и агресивниот дух на волкот, а исто така на интересен начин ни ги прикажува можностите на системите со кои е опремен автомобилот. Најмоќната верзија, со исклучок на AMG моделот, е Mercedes CLA 250 Sport со 211кс и погон на сите тркала и ќе се продава по цена од околу 40,000 евра.