Себастијан Лоеб порано ја извојува неговата седма победа на Рели Монте Карло, бидејќи финалните две ноќни етапи беа откажани поради безбедносни проблеми.
Непредвидливиот дожд на веќе замрзнатите и снежни делници, како и влошувањето на условите ги принудија многуте гледачи да ги напуштат стазите, со што ги блокира локалните патишта – односно последните делници од релито. Тоа беше причината поради која организаторите мораа да ги откажат 17-тата и 18-тата делница, бидејќи во спротивно можеше да се случи само инцидент.
Во пладневните часови на вчерашниот ден, Лоеб и Ожие успешно ја поминаа 14-тата делница, каде поради комбинацијата од мраз и влажен снег сите имаа тешкотии во пронаоѓањето тракција. Неколкумина од првопласираните се пожалија дека ова била најтешката стаза со која се соочиле во Монте Карло.
Сепак, не поминаа сите со успех. Тимот на Qatar M-Sport претрпи најмногу загуби. Два од нивните преостанати автомобили се судрија, додека третиот сериозно заостана. Младиот надежен Евгени Новиков го оштети својот Ford и се обиде да се избори на три тркала, но мораше да се откаже. Русинот ја бранеше третата позиција од Дани Сордо се до тој момент.
На походот на Јухо Ханинен исто така му дојде крајот на истата етапа, оставајќи го Мадс Остберг да биде предводник на тимот. Но Норвежанецот направи грешка на второто возење на стазата неколку часа подоцна, пристигнувајќи на целта со оштета на суспензијата и задоцнување од шест минути. Volkswagen исто така изгуби автомобил, откако Јари-Мати Латвала излета од патот.
Брајан Буфие беше најбрз на четиринаесеттата етапа, дури пола минута пред останатите, со што ја освои неговата прва етапна победа во WRC. Тој се најде на петтата позиција на генералната табла како последица на сите откажувања пред него.
Водечки позиции по 16-тата етапа:
Поз. Возач Тим/Автомобил Време/Разлика 1. Себастијан Лоеб Citroen 5h18m57.2s 2. Себастијан Ожие VW + 1m39.9s 3. Дани Сордо Citroen + 3m49.0s 4. Мико Хирвонен Citroen + 5m26.3s 5. Брајан Буфие PH Citroen + 8m13.1s 6. Мадс Остберг Qatar M-Sport Ford + 12m03.7s 7. Мартин Прокоп Czech Ford + 23m27.3s 8. Зеп Виганд Skoda Deutschland + 29m34.5s 9. Оливие Бјури Offshore Peugeot + 35m38.4s 10. Михал Козќушко Italia Mini + 36m28.0s
Откажани: Евгени Новиков Qatar M-Sport Ford SS14 Јухо Ханинен Qatar M-Sport Ford SS14 Јари-Мати Латвала VW SS14 Јулиен Маурин Maurin Ford SS10 Тери Невил Qatar M-Sport Ford SS4