Претставен Skoda Citigo Sport – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен Skoda Citigo Sport

Skoda прикажа специјална верзија од малиот градски автомобил, со поспортски изглед.

Причината поради која велиме ‘изглед’ е бидејќи Citigo Sport освен естетските додатоци не носи подобрувања на перформансите. Оваа специјална верзија доаѓа само со 1.0-литарскиот MPI три-цилиндарски бензински агрегат кој испорачува 59кс или 74кс.

Естетските додатоци кои го прават поразличен и постпортски од стандардниот модел се 15-инчни алуминиумски фелни, преден спојлер, заден дифузер, декоративни тркачки линии, спортски навлаки на седиштата, кожа на рачната кочница и менувачот и спортски волан со три краци.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.